Фолк-пејачката Џесика Палашоска стана модел. Од неодамна таа е заштитно лице на шведскиот бренд „Стронгер“. Ова е вторпат таа да рекламира облака и вели дека одлично се снаоѓа во сето ова.
„Навистина е ова новитет за мене, но ете и тоа се случи, па малку се чувствувам и како манекенка. Веќе еднаш соработувавме, а тоа продолжува и понатаму и навистина знам дека нивната спортска облека ќе ја претставам онака како што треба“, ни изјави Палашоска.
Покрај оваа работа, таа најавува и враќање на македонската музичка сцена со нова песна и спот.