(Фото) Џими од „Молика“ доби снаа, се пофали дека ќе го жени синот

Џими Мицевски од „Молика“ се пофали дека ќе има снаа кога неговиот син од првиот брак Марио ја побара за жена својата девојка Тина. Романтичното барање на раката било во Охрид во комплексот „Свети Наум“.

„Со среќа и за век да ви биде и многу внучиња да си гледаме“, напиша музичарот на својот  фејсбук-профил. Синот на Џими, Марио, е фронтмен во групата „Молика јуниор“. Џими веќе со години е во брак со Анета Мицевска, вокалот на „Молика“.

Scroll to Top