(Фото) Димитар Атанасовски со пајак фризура

Водителот Димитар Атанасовски се пофали на социјалните мрежи со својата нова фризура, која многу наликува на пајак фризурата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Димитар ја скратил косата и брадата, а на Инстаграм напиша дека не може само Оливер да носи пајак фризура.

Неодамна министерот за внатрешни работи Спасовски во собрание се појави со измазнета фризура, а медиумите пишуваа дека многу наликувало, како пајак да му се качил на главата.

Министерот сосе фризурата, па и „раздељакот“  предизвика коментари во јавноста.

Многумина рекоа дека е ем смешна, ем старомодна.  Некои пак, со добронамерен совет му порачаа дека треба да се консултира со познати фризери кои може да му дадат некоја идеја како да ја носи косата.

(Фото) Министерот Оливер со пајак фризура

Scroll to Top