Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, денес слави роденден, полни 46 години. Од своите пријатели тој доби многу честитки и желби за среќа, долговечност и успех во кариерата. На сите нив, министерот за надворешни работи им се заблагодари, а за свој мерак објави слика од еден од неговите први родендени на која е со кадрава коса и широка насмевка.
„Фала ви знајни и незнајни сограѓани на роденденските честитки, на срдечноста и на убавите желби! Да сте живи, здрави, среќни и исполнети. Одам јас да се дотерам, да крцка!“, напиша меѓу другото Димитров на фотографијата на „Фејсбук“.
Ова не е првпат министерот да сподели фотографии од својот приватен живот. Тој неодамна откри дека бил да да проба грозје во тиквешијата, објави кога беше на возење кајак во Охридското Езеро, а не заборави да се пофали ни кога со премиерот Заев возеше мотори, па потоа со сопругите седнаа на заеднички ручек.