(Фото) Дипломираше Елена Петреска

Пејачката Елена Петреска дипломираше на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот поп-музика. Дипломскиот концерт Петреска го одржа пред неколку дена.

„Кој би рекол, во меѓувреме родив две деца, одев на работа, на настапи… И станав поорганизирана и многу поодговорна личност… Растев. Се будев. Благодарам од целото мое срце на Бог, на универзумот, на моите професори и на мојот Андреј за поддршката и разбирањето“, вели Елена по дипломирањето. Таа изминатиов перод беше ангажирана околу талент шоуто „Ѕвезда број 1“ каде што беше во жирито.

Scroll to Top