ФОТО: Доделени наградите на „Канео фест“

Фолк пејачката Славка Младеноска ја доби Гранд при награда во фолк делот за песната „Свети граде Охриде“. Гран при во забавниот дел освои Мери Тодорова Младеновска за баладата „Не допирај“. Фестивалот „Канео Фест“, кој се одржуваше во Охрид, за првпат беше поделен во два дела, фолк дел кој се одржаа во една вечер.

Прва награда од публиката освои фолк пејачот Здравко Кузески, кој ја отпеа „Тргни по мене“, втора беше Нина Николовска за „Мајка Богородица“, а трета награда сестрите Маја и Ружица Герасимоски, кои ја исполнија „Една е мајка“.

Од жирито прва награда за фолк изведба добија Јорданка Смилоска и Петар Миленкоски со „Свадба си правиме“, втора награда за „Скопје ми е во срцето“ ѝ припадна на Нада Ангелоска, а третата, пак, на „Искра последна“ која ја отпеа Славица Стевовска.

За поп изведбите, пак, прва награда од публика ѝ беше доделена на Валентина Ѓоргиевска Парго за изведбата на песната „Парче душа за тебе“. Втора од публика им припадна на Лени и Владо со „Таму некаде“, кои освоија и награда за сценска изведба, а трета од публика Зоран Далчески со „Споени усни“.

[URIS id=357594]

Scroll to Top