(Фото) Драгана Клопчевска се тетовираше по теркот на младите мајки

 

Поранешната мис на Македонија Драгана Клопчевска на рацете ги истетовира имињата на децата, синот Давид и ќерката Деа. Некогашната манекенка објави слика од тетоважите со порака: „Мама ве сака“. Таа потоа на „Инстаграм“ ја објави и преписката со сопругот, пејач и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк. „А каде е Дарко засекогаш?“, ја прашува тој во разговорот.

Одамна е хит младите мајки да ги тетовираат имињата на децата, па така не само Драгана, туку голем број јавни личности, но и сосема обични дами, девојки, млади мајки ги тетовираат имињата на децата.

 

Клопчевска беше  мис на Македонија за 2001 година. Со сестра ѝ веќе осум години го водат бизнис-центарот „Сити хол“ (старата дискотека „Хард рок“). Брејк, пак, е сопственик на три радија во Скопје. Тој кариерата ја почна како пејач на групата „Октавијан“, а потоа продолжи соло.

 

Scroll to Top