(Фото) Две торти за синот на Пандев: Филипо славеше роденден

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, преку социјалните мрежи откри дека синот Филипо слави роденден. Тој наполни единаесет години, а Горан објави неколку слики и откри дека за роденденот Филипо добил две торти.

„Ти си најголемата среќа во мојот живот. Времето брзо лета. Единаесет убави години, со срце исполнето. Колку само емоции ми даваш. Се надевам дека секогаш ќе ти бидам добар татко, но и пријател. Среќен роденден љубов моја, со сета љубов на светот“, напиша Пандев, а доби честитки за роденденот на синот од повеќето фудбалери од репрезентацијата.

Пандев е татко на татко на три деца, а освен синот Филипо, тој и сопругата Надица ги имаат ќерките Ана и Софија.

Макеонскиот фудбалер во моментов е во Италија, каде што ги игра натпреварите во Серија А со Џенова. На крајот на мај ќе дојде во Скопје и со репрезентацијата ќе одигра два контролни натпревари пред ЕП. Потоа во јуни првпат со македонскиот тим ќе настапи на едно Европско првенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

Scroll to Top