(Фото) Едина Муса не издржа во Америка

Македонската кошаркарка Едина Муса се врати во Македонија откако пред четири месеци се пресели во Мајами на Флорида. Таа по враќањето од Америка објави неколку видеа на „Инстаграм“ додека вежба на кејот на Вардар. Според нејзините пријатели, Муса е од скоро во Македонија и нема да се врати на Флорида.

Поранешната фитнес-инструкторка уште одамна за „Репортер“ откри дека сака да се пресели во Америка. Таа на почетокот на мај отиде да живее во Мајами, каде што претходно се пресели и нејзиното момче, моделот и фитнес-тренер Серџо Спасов. Едина, како што тогаш ни кажаа нејзините блиски, веднаш нашла работа и се вклопила во животот во Америка, а ни рекоа и дека се големи шансите да остане таму. Додека живееше на Флорида, Муса постојано објавуваше слики од плажите, градот, ноќниот живот и убавините на Мајами, но често знаеше и да објави видео во кое велеше дека е носталгична по семејството и пријателите.

И Муса си замина од Македонија

Scroll to Top