Поп- пејачката Елена Ристеска го лансираше својот прв парфем со нејзин потпис. Таа на социјалните мрежи ги објави женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Ера“.
Поп-пејачката долго време работеше на својата козметичка линија. „Наскоро планира навистина нешто ново. Ми треба време, ама еве рабтам на мојата прва козметичка линија. И не било лесно, ама мене сето ова ми е предизвик. Ќе има и голема промоција“, раскажа Елена за „Репортер“, пред извесно време, кога се уште работеше на козметиката, но заради панедмијата и коронавирусот, промоцијата на големо со многу гости, како што планираше не може да се случи. Елена сега ја почнува рекламната кампања за двата парфеми, за која откри дека ја работела во Мајами.