(Фото) Елена и Гуте од „Гранд“ станаа родители и веднаш објавија слика од бебето

Пејачите од „Гранд“ Елена Миленковска и Александар Маринковиќ Гуте станаа родители. Тие добија син кој ќе се вика Максим. Елена се породи вчера доцна вечерта во Белград, па веднаш објави слика од синот.

„Мајката и бебето се добро, а породувањето помина лесно и во најдобар ред“, рече Гуте за „Репортер“.  Тој вчера вечерта славаше за раѓањето на бебето со неколку блиски пријатели и откри дека според обичаите, гостите му ја искинале маицата.

Ова е прво дете на пејачите, кои се венчаа на почетокот на годината. Тие се запознаа на снимањето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а по шест месеци врска се верија. Неодамна во интервју за „Репортер“ раскажаа за двете свадби што ги правеа, едната во Скопје, другата во српски Милетиќ, а зборуваа и за моментот кога дознале дека ќе станат родители.

„Бевме заедно кога го правев тестот за бременост. Кога видовме дека е позитивен, буквално еден час лежевме во кревет и само гледавме во таванот. Дури потоа вистински се израдувавме“, ни рече тогаш Елена.

„Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“

Scroll to Top