„Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“

Кога пред две години Елена Миленовска и Александар Гуте Маринковиќ се пријавија во „Ѕвездите на Гранд“, не помислуваа дека во шоуто ќе им се случи љубов. Тоа што почна како пријателство, по шест месеци прерасна во љубов. Велат, љубов како во филмовите. „Отсекогаш сум верувал во сродни души. Кога знаеш дека нешто е судбина, не можеш да избегаш од тоа“, ни рече Гуте. Тој не крие колку е заљубен во македонската пејачка. Вели, уште кога првпат ја видел, знаел дека таа е вистинската за него. Па, по три месеци врска, ја побара за жена.

„Неколку месеци потоа дознавме дека ќе имаме бебе. Кога видовме дека тестот е позитивен прво долго лежевме во кревет и само гледавме во таванот. Дури потоа вистински се израдувавме“, раскажа Елена, која е во седмиот месец од бременоста.

Таа и годинава се пријави во популарното шоу и го помина првиот круг, но кога дозна дека ќе стане мајка, се откажа од натпреварувањето. Александар, пак, лани стигна до полуфиналето на „Гранд“. Тој има своја приказна за тоа како е да се работи со Ана Бекута, која лани им беше ментор на двајцата. Но, раскажа и каква е Карлеуша кога ќе се изгасат камерите, а и од каде му е прекарот Гуте.

Со интересна фотосесија Елена и Гуте открија дека ќе добијат син. „Чекаме уште еден Гуте“, велат тие. За тоа како реагирале нивните родители кога дознале дека тие сакаат да се венчаат по само три месеци врска, за двете свадби, едната во Србија, другата во Македонија, за омилените македонски песни што Александар ги пеел на свадбата, но и за романтичното запросување, гледајте го интервјуто.

Андријана Јовановска

Scroll to Top