Поп-пејачката Елена Ристевска , денес замина во манастирот „Св. Јован Бигорски“. Таа присуствуваше на литургијата која се одржува таму на Велика Сабота, ден пред Велигден.
Пејачкта сподели и фотографија од литургијата во манастирот. Не е тајна дека Елена често го посетува манастирот Бигорски, а тоа е и местото каде се одржа и нејзината венчавка пред неколку години.