Фолк пејачката Елена Велевска сними спот за песната “Говорот на телото”. За песната освеби видео снимана е и фотосесија. Песната на Елена е уште од 2003-та година и таа се најде на нејзиниот втор студиски албум кој го носи истото име. Текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, а музиката и аранжманот се на Дејан Момириски. Многумина велат дека е една од најдобрите песни кои ги исполнила Елена, затоа што е емотивна балада во која се пронаоѓа речиси секоја девојка или жена.
Режисер на видеото е Бане Поповиќ, а снимањето траело два дена. Промоцијата е следниот месец.