(Фото) Елена ужива во љубовта, по подолго време со дечко во јавноста

Поп-пејачката Елена Ристеска и нејзиниот дечко Филип Арсовски викендов првпат се појавија заедно во јавноста. Тие беа меѓу гостите на Моден викенд Скопје, каде што го привлекоа вниманието на публиката. Двајцата беа облечени во црно, па присутните коментираа дека изгледаат одлично и дека се погодиле и со стилот.

Елена и Филип се неколку месеци во врска, а пејачката неодамна почна да споделува заеднички слики на социјалните мрежи. Филип е сопственик на познат угостителски објект во Скопје, но и на спортски бренд чие заштитно лице е Елена.

Scroll to Top