(Фото) Елена заводлива на плажа го рекламира својот прв парфем

Првиот парфем на поп-пејачката Елена Ристеска од денес е во продажба. Таа самата ги рекламира и женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Ера“. „Заводлива и секси“ коментираат фановите на сликите за кампањата, што Елена ги направи лани на плажа во Мајами.

„Драги мои, со душа го очекував овој момент, да ви ја најавам онлајн-продажбата на парфемите ЕРА. Засега продажбата ќе биде само во Македонија, но тимот работи на проширување на приказната и надвор од нашите граници. Уживајте во новата ЕРА-симфонија“, напиша, меѓу другото, пејачката на социјалните мрежи.

Таа доби поддршка од фановите, но и од колегите, меѓу кои Каролина Гочева, Панчо и од Тамара Тодевска.

Елена долго време работеше на својата козметичка линија.

„Наскоро планирам навистина нешто ново. Ми треба време. Не било лесно, ама мене сето ова ми е предизвик“, раскажа Елена за „Репортер“ пред извесно време кога работеше на козметиката. Тогаш најави и голема промоција, но поради панедмијата и коронавирусот, таа се одложи.

https://www.instagram.com/p/CCRYAQ-pw4-/

 

 

Scroll to Top