(Фото) Елена заводлива на плажа го рекламира својот прв парфем

By

Првиот парфем на поп-пејачката Елена Ристеска од денес е во продажба. Таа самата ги рекламира и женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Ера“. „Заводлива и секси“ коментираат фановите на сликите за кампањата, што Елена ги направи лани на плажа во Мајами.

„Драги мои, со душа го очекував овој момент, да ви ја најавам онлајн-продажбата на парфемите ЕРА. Засега продажбата ќе биде само во Македонија, но тимот работи на проширување на приказната и надвор од нашите граници. Уживајте во новата ЕРА-симфонија“, напиша, меѓу другото, пејачката на социјалните мрежи.

Таа доби поддршка од фановите, но и од колегите, меѓу кои Каролина Гочева, Панчо и од Тамара Тодевска.

Елена долго време работеше на својата козметичка линија.

„Наскоро планирам навистина нешто ново. Ми треба време. Не било лесно, ама мене сето ова ми е предизвик“, раскажа Елена за „Репортер“ пред извесно време кога работеше на козметиката. Тогаш најави и голема промоција, но поради панедмијата и коронавирусот, таа се одложи.

View this post on Instagram

Драги мои, со душа го очекував овој момент, да ви ја најавам ОНЛАЈН ПРОДАЖБАТА на парфемите-ЕРА парфем за жени и ЕРА парфем за мажи. Од утре можете да ги нарачате на официјалната страница www.era-cosmetics.com . Но, исто така можете да ги купите и пробате во салонот за убавина @danielnikolovskiofficial. На страницата можете да ги дознаете сите детаљи околу состојките на парфемите, околу цената, начинот на плаќање, околу тоа како настана приказната, воедно и да ги видите подетално на фотографии како изгледаат парфемите. Доставата е до вашата врата и е бесплатна. 🙂 Уживајте во новата ЕРА симфонија.. ❤️🙏🍀 Ваша, Елена Ристеска П.С. Засега продажбата ќе биде само во Македонија, но тимот работи на проширување на ЕРА приказната и продажба надвор од нашите граници. Сите прашања поставете ги на официјалниот инстаграм профил на ЕРА козметика @era_cosmetics или на официјалниот маил: [email protected] • • • My dear ones, I was looking forward to this moment, to announce the online sale of the ERA perfumes – ERA perfume for women and ERA perfume for men. You can make an order on the official website www.era-cosmetics.com starting tomorrow. But also you can buy them and try them at the beauty salon @danielnikolovskiofficial. On the page you can find out all the details about the ingredients of the perfumes, about the price, the way of payment, about how the story started, at the same time you can see the perfumes at photos, how they look like. Delivery is to your door and is free. 🙂 Enjoy the new ERA symphony Yours, Elena Risteska P.S. For now, the sale will be only in Macedonia, but the team is working to expand the story of ERA and sell outside our borders. Ask all questions on the official Instagram profile of ERA cosmetics @era_cosmetics or the official e-mail: [email protected] •Location of the advert Miami, Florida •Photography @dejan_dimkovski •Hair and makeup @armendramadani •Photography the perfumes @vladimirgjorgiev_ •Design @daki226 #website @lakii.p #cosmetics #eracosmetics #eraperfumes #photography #miami #florida #design #advertisement #perfumes #fragrance #perfumeshop #perfumesale #perfumeshopping #perfumeaddict

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) on

 

 

Ќе ви се допадне