(Фото) „Еурека“ кулминираше на карпошовата летна сцена

Со звуците на хип хоп и ар-ен-би музиката, како и македонските евергрини, во перфектно комбинирана кореографија, разиграните деца ја загреаја атмосферата на платото „Млечен” во Карпош.

Студиото за танц „Еурека”, кое датира од 2001 година, во моментов работи со повеќе од 400-ни деца и млади, кои се поделени по возрасти и ниво на подготвеност. Танцовото студио може да се пофали со богата историја во изминатите 25 години, како учесници на Меѓународни активности и прво инклузивно танцувачко студио во целата држава.

Карпошани, оваа вечер, имаа можност да ужуваат гледајќи ги танцувачките способности, кои беа во изобилие, на децата и младите. Прекрасните изведби беа уживање за сечиј очи. Посебно внимание и аплауз од публиката, доби инклузивната изведбата на македонски добро познат евергрин, а кои беа потпомогнати од нивните другарчиња од танцувачкото студио.

На 28-ми август, со почеток од 20 часот, на големиот празник Голема Богородица, во дворот на црквата ,,Св.Тројца”-Бардовци, карпошовото лето продолжува со фолк легендите на македонската народна песна: Наум Петревски, Ефто Пупиновски, Благоја Груевски, Зуица Лазова, Ленче Кукиќ, Смиља Митревска, Драган Мијалковски, Горан Алачки во придружба на Народниот оркестар на Радио Бубамара, под водство на Демир Имери.

Scroll to Top