Обвинителката Фатиме Фетаи и директорката на Театар „Комедија“, Нора Шаќири, излегоа во кафеана со неколку блиски пријатели, откако олабавија мерките од пандемијата и може по шест луѓе да седат на една маса. Мезе и вино за добро расположение, а сликите од дружбата во една позната скопска кафеана, ги објави новинарот Огнен Јанески.
„Да сме живи и здрави уште години сто. За среќата и радоста што не сме си ги споделиле долго време. Другарите се богатство, а богати сме со нивните приказни во кои нè има. За уште многу приказни и за уште повеќе радости“, напиша тој.
„Преубаво друштво“, „Нора и Фата се како близначки“, „Сакам и јас со вас“, коментираат на социјалните мрежи.
Не е тајна дека Нора, Огнен и Фатиме се дружеа многу пред пандемијата, па често одеа заедно во клубови, но и на караоке-забави и во кафеани.