(Фото) Филип Божиновски од „Ѕвездите на Гранд“ ќе стане татко

Македонскиот учесник Филип Божиновски публиката имаше можност да го запознае во сезоната 2014/2015 во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој со својот глас, скромност и едноставност ја освои публиката, но и стигна до финалето. Божиновски во 2018 година се ожени со Сања, со која беше многу години во врска, и сега чекаат дете. Сања е во поодмината бременост и тие постојано споедлуваат заеднички слики дека го чекаат своето прво дете.

„Во ова време – невреме чекаме една многу убава работа да ни се случи“, напиша Божиновски под фотографијата на која позира со својата сопруга.

Scroll to Top