Пејачот Филип Божиновски ѝ го честиташе роденденот на сопругата Сања, со заедничка фотографија од нивната ќерка Софија.
„Среќен роденден“, и посака Филип на Сања.
Двајцата за првпат годинава станаа родители, а пејачот се пофали дека станал татко, само еден ден пред неговиот роденден. Филип направи мекици и голема журка на отворено.
На забавата се играше и пееше. Запеа и Филип, но и неговиот пријател и колега од „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравсковски, кој беше меѓу гостите.
За потсетување, Филип кариерата ја почна со победата во „М2 потрага по ѕвезда“, а неколку години потоа победи и на „Ѕвездите на Гранд“. Со Сања беа 12 години во врска и се две години во брак.
(Фото) Журка на отворено и мекици: Филип Божиновски пееше за раѓањето на ќерката