(Фото) Журка на отворено и мекици: Филип Божиновски пееше за раѓањето на ќерката

Пејачот Филип Божиновски, кој пред неколку дена стана татко, викендов правеше мекици за раѓањето на ќерката. На журката на отворено се играше и пееше, па запеа и Филип, но и неговиот пријател и колега од „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравсковски, кој беше меѓу гостите.

Пејачот пред една недела се пофали дека тој и неговата сопруга Сања станале родители, а сега откри дека ќерката ќе се вика Софија.

„Еден ден пред мојот роденден го добив најубавиот подарок. Чувството не се опишува. Емоциите не можам да ги објаснам со зборови. Мојата Сања ми роди ќерка“, напиша тогаш Филип на „Фејсбук“.

За потсетување, Филип кариерата ја почна со победата во „М2 потрага по ѕвезда“, а неколку години потоа победи и на „Ѕвездите на Гранд“.

 

 

 

Scroll to Top