Пратеничката Фросина Ременски му напиша љубовна роденденска честитка на сопругот Јовче. Откако ја објави пораката со многу љубовни епитети, на социјалните мрежи се мајтапат дека Ременски ги измешала стиловите. Па така, поранешната министерка се распламнала од патетика до романтика, од една душа во две тела, преку правдољубието, стигнала до трнливиот и стрмен пат што го одат со сопругот.
Фросина е подолго време во брак со Јовче Ременски, кој е вработен во УБК. Двојката има два сина.
Фото: Фејсбук