(Фото) Фудбалерот Александар Трајковски стана татко, бебето доби име Искра

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски стана татко втор пат. Тој и неговата сопруга Александра ја добија ќерката Искра.

Тие го имаат синот Матеј, кој има 5 години.

„Љубов моја, жено, кралице, ти благодарам што на свет донесе една принцеза. Се роди Искра“, напиша Трајковски.

За потсетување, Трајковски често знае да истакне дека неговото семејство му е сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“, напиша тој на „Инстаграм“, откако им даде гол на Италија и го елиминира поранешниот светски шампион од Мундијалот.

Scroll to Top