Фолк-пејачката Сузана Гавазова повторно во секси издание. Таа сподели фотографија, на која привлече внимание со стилот на облекувањето, па многумина ја пофалија дека на фотографијата потсетува на амазонка. Фолк пејачката на големо снима спотови и нови песни. Таа на музичката сцена е одамна. Неодамна рече дека сега подолг период ќе остане во Македонија, иако со сопругот Јасмин и децата живее во Шведска.
Во интревју за “Репортер“, таа пред една недела раскажа дека често патува, постојано е на настапи, но вели дека сопругот Јасмин ѝ е најголемата поддршка во сè што прави, особено кое е во прашање нејзината кариера. Таа раскажа дека тој ниту е љубоморен, ниту, пак, некогаш ја сопирал во она што го работи.