Фолк пејачката Сузана Гавазова пред неколку дена се врати од Турција, каде беше на одмор со сопругот и двете ќерки. По одморот се врати на традицијата, па се пофали дека есента е време за ајвар. Таа објави видео на своето Инстаграм стори. Во екот на правење зимници, Гавазова не е единствената која се пофали дека ја бива и за ајвар. Пред неа и Тијана Дапчевиќ го распали ќумбето среде Драчево, па освен ајвар со татко ѝ направија и малиџано.
(Фото) Гавазова разголува газе, ама ја бива и за ајвар
