(Фото) Гавазова топлес на плажа во Грција

Фолк пејачката Сузана Гавазова со сопругот Јасмин и двете ќерки замина на одмор во Грција. Ги посетија познатите грчки острови, а дека убаво си поминуваат покажа пејачката која се соблече топлес на една од плажите. Пејачката често објавува фотографии во костим за капење.

За потсетување, неодамна беше и во Дојран, каде ја отвори летната сезона. Изминатиот период имаше исполнета музичка агенда и со колегите од фолк естрадата беше на турнеја во Австралија.  Често пее и на свадбени веселби.

Успешно ги балансира професијата и приватниот живот, а неодамна со сопругот Јасмин и го прославија 8. роденден на нивната помала ќерка Селена.

Scroll to Top