Поп-пејачката и професорка по виолина Андријана Јаневска, вчера беше на забава во скопскиот ноќен клуб „Џубокс“. Дека е во добро друштво и дека знае да се забваува, таа објави на својот Фејсбук профил. Вечера во клубот таа беше со Ирис Стефановска, вработаена во МОБ, виолончелистката од некогашната женска група „Омниа“. На журката музика пушташе Генарал Јанковиќ. Пејачката, ретко споделува приватни фотографии, па ова дојде како освежување за нејзините пријатели и фанови.