Гога како Колинда, жестока навивачка на Вардар

Вчера во салата „Јане Сандански“ во Скопје се играше првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите во ракомет, каде Вардар го победи ПИК Сегед со 31-23. На натпреварот, на трибините беше и кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска -Давкова, која навиваше за Вардар. Спортистка во духот, како што и кажа во интервјуто за “Репортер” таа силно довикуваше од трибините и им даваше поддршка на ракометрите. Освен што потекнува од семејство каде многу се сакал спортот, Давкова и сама на времето, како девојче, се натпреварувала во возење ролшули. Меѓу навивачите на трибинте, на шега, присутните коментираа дека Гога потсетува на хрватската претседателка Колинда, која не пропушти ниеден натпревар на хрватската фудбалска репрезентација на Светското во Русија.

Реваншот на Вардар се игра на 5 мај во Сегед.

Scroll to Top