(Фото) Голманот Игор Алексовски ќе стане татко

Голманот на „Шкупи“, Игор Алексовски, и неговата сопруга Тијана, чекаат бебе. Тој објави слика од нивното патување во Белград и првпат откри дека Тијана е во поодмината бременост.

„Чекаме бебе“, напиша Игор и доби честитки од пријателите и следбениците на Инстаграм.

Ова ќе биде прво дете на двојката која се венча во 2019 година. Претходно Игор и Тијана беа во врска седум години пред тој да ја побара за жена.

Игор кој последните две сезони брани за „Шкупи“, кариерата ја почна во „Македонија Ѓорче Петров“ во 2012 година, а од 2016 до 2018 бранеше за „Вардар“. Тој претходно бранеше за репрезентацијата на Македонија до 21 година на Европското првенство што се одржа во Полска во 2017 година.

Scroll to Top