Поранешната водителка Хелена Роза наполни 43 години. Таа на „Инстаграм“ објави селфи слика и самата си честиташе. „Среќен 43. роденден на мене“, напиша ексводителката. Потоа објави и роденденска честитка од нејзината ќерка Кјара, со колаж од стари заеднички фотографии.
Хелена Роза со семејството живее на Нов Зеланд од 2017 година. Таму го роди и нејзиното второ дете, синот Тиан, кого го доби со сопругот Игор. Во интервју за „Репортер“ откри дека работи како менаџер во продавница на познат бренд за очила, иако на почетокот кога се преселиле работела сè, а го чистела и салонот на „Ауди“.