(Фото) Илина на „Бубамара“: Гол грб, секси шлиц и првите скриени искри со Игор

Илина Арсова и Игор Џамбазов две години се во љубов. Илина пред извесно вереме откри како се вљубилееден во друг во Дојран, ама сега кажа и каков фустан носела кога првпат  осетила скриените искри и пеперутките во стомак.

„Златна Бубамара“ пред две години. Добив супер позитивни коментари за поздравниот говор, но исто така и за прекрасниот фустан што го носам, дело на нашата дизајнерка. Излистајте ги сликичките во десно за да го видите целиот фустан и дел од пробите со Нела. Инаку оваа Бубамара беше и последниот спектакуларен настан пред почетокот на пандемијата… а почеток и на нешто друго… Токму таа вечер се родија можеби првите скриени искри за љубовта што дојде брзо потоа – напиша Илина за фустанот во металик боја, со гол грб и голем шлиц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Неодамна во интревјуто за Репоретр раскажа: Јас ги сакам студот и планините, а во езеро влегувам среде зима. Игор е тип кој сè уште мисли дека ако излезеш со мокра коса на ладно ќе настинеш. Јас имам бицепси од вежбањето, тој нема. Годините се голема разлика, ама тој во душата е секогаш дете. Со часови може да свири на гитара, а јас да сликам. И додека шпартав секој ден од Стар Дојран до Мрдаја, оти тоа ми беше дневна рутина, се чудев од каде става Игор слики на Инстаграм од Сретеново. Уште помалку мислев дека нешто ќе се случи меѓу нас или дека некогаш ќе се налути оти не сум му вратила лајк кога пишал“. Ова е само дел од разговорот со алпинистката Илина Арсова, која зборуваше за љубовта со Игор Џамбазов во интервјуто на „Репортер“.

Scroll to Top