Фолк-пејачката Ирена Спасовска го прослави роденденот речиси гола. Таа и овој пат ги изненади своите обожаватели. За фотосесијата го соблече градникот и наздрави со вино.
„Некои жени стареат како кондури, а некои како вино. Happy birthday to me“, напиша Ирена
Инаку, познатата фолк-пејачка и неодамна позираше провокативно, па со фотографии направи метеж на социјалните мрежи. Таа беше во центарот на вниманието на јавноста по раскинувањето на долгогодишната врска со новинарот Орце Гелевски.