ТВ-водителката Ирена Спировска летува во шатор. Таа сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил. Идејата да кампува покрај море ја поздравија нејзините обожаватели кои беа воодушевени од овој потег на познатата водителка.
Не е тајна дека природата е предизвик за Ирена и таа често ги освојува планинските врвови, а планинарењето со години ѝ е пасија.