(Фото) Ирена Спировска во секси бикини му позира на Душко: Водителката со партнерот во Албанија на море

Водителката Ирена Спировска (47) е на одмор со нејзиниот партнер Душко Исајловски во Валона, Албанија.

Таа ретко објавува приватни фотографии и не зборува многу за нивната врска. Овој пат сподели фотографии на Инстрагам без него, но потенцира дека тој ја фотографирал.

Тие се заедно скоро три години, од која првата ја поминаа во тајност и само нивните најблиски знаеа дека се заедно.

Двајцата се љубители на планинарењето, па така и се запознале. Често одат на разни планинарски тури, како во земјава, така и во странство.

Во еден период се појавија гласини дека двојката планира да се венча, по што Исајловски ја демнатираше веста.

 

Scroll to Top