Иванна Хаџиевска, поранешната шефица на протокол на експремиерот Зоран Заев, а сега советник за меѓународни односи и соработка со организации денес имаше роденден. Таа наполни 33 години. Дотерана со златни балони, подарци на масата , бело вино и многу честитки, Иванна сподели дека роденденски е среќна.
„Другари, ви благодарам. Сите да сте ми на број, здрави и насмеани!
Мене супер ми стојат 19… и два пати по 7 до 33! Среќна сум“, вели Иванна за бројните честитки кои ги доби од најблиските и од пријателите.