(Фото) Иванов и Бетмен на Светско во Русија

Претседателот Ѓорге Иванов во дрес на Турција, им стана инспирација на твитерџиите за време на Светското првенство во фудбал кое почна денес. Освен во турски дрес го облекоа и во дресот на ФК Валандово, па твитерџиите го споредија со рускиот претседател Владимир Путин, кој игра за Спартак Москва.

И поранешниот член на „Заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит не беше поштеден од твитерџиите. Бетмен кој го носеше името Бетмињо, беше претворен во фудбалерот од тимот на ФК Преродба – Идризово.

Во пресрет на Светското првенство во фудбал, кое денеска започна во Русија, на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од македонските политичари и лица од јавниот живот на сликички како од албумот на „Панини“.

Scroll to Top