Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ вчера беа на гости кај поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов. Поранешниот професор ги покани кај него, по нивната промоција на песната „Кога падна на Пирина“.
„Повторно добивме покана да бидеме гости во домот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов. Добивме големи комплименти за нашата работа и за последното наше дело за песната “Кога падна на Пирина”, и за нашиот придонес за зачувување на културата и традицијата во Македонија“, рекоа Мартин и Стефан по посетата кај Иванов.
За потсетување, „Некст тајм“ во средата ја промовираа својата најнова песна „Кога падна на Пирина“. Станува збор за преработка на стара македонска песна, за македонскиот револуционер Јане Сандански.
Љ.В.
(Видео) Пејачи, глумци и по некој политичар на промоција на „Некст тајм“