Актерката Јелена Јованова – Периќ е на летување на островот Угљан во Хрватска. Таа е заедно со сопругот Стјепан и синот Јаков. Јелена сподели фотографија на својот инстаграм-профил дека одморот го користи работно додека го чита новото сценарио за кое и предходно најави на „стори“ дека се подготвува за нешто ново.
„Совршено бегство“, напиша таа во објавата.
View this post on Instagram
Актерката пред неполни шест години се омажи за хрватскиот глумец Стјепан Периќ и оттогаш е на постојана релација Македонија – Хрватска. Лани го роди синот Јаков со кого за време на бременоста имаше стресни ситуации додека беа земјотресите во Хрватска, а потоа и објавуваше статуси на социјалните мрежи.
Домашната публика ја засака како рецепционерката Јелена од Драчево од хит-серијата „Преспав“