(Фото) Јелена Јованова избега на море за да се спрема за новата улога

Актерката Јелена Јованова – Периќ е на летување на островот Угљан во Хрватска. Таа е заедно со сопругот Стјепан и синот Јаков. Јелена сподели фотографија на својот инстаграм-профил дека одморот го користи работно додека го чита новото сценарио за кое и предходно најави на „стори“ дека се подготвува за нешто ново.

„Совршено бегство“, напиша таа во објавата.

Актерката пред неполни шест години се омажи за хрватскиот глумец Стјепан Периќ и оттогаш е на постојана релација Македонија – Хрватска. Лани го роди синот Јаков со кого за време на бременоста имаше стресни ситуации додека беа земјотресите во Хрватска, а потоа и објавуваше статуси на социјалните мрежи.

Домашната публика ја засака како рецепционерката Јелена од Драчево од хит-серијата „Преспав“

Scroll to Top