(Фото) Јелена Јованова со синот на море: Одовде го гледаме Брач

Популарната актерка Јелена Јованова-Периќ овие денови е во Сплит со сопругот Стјепан и синот Јаков.

Таа ретко споделува семeјни фотографии на својот Инстаграм профил, а овој пат објави слика од плажа од местото Понистра од каде се гледа островот Брач.

За потсетување, актерката живее веќе неколку години во Загреб со своето семјство. Таа се породи со Јаков во 2020 година, во време на пандемијата со коронавирусот, а кога беше во осмиот месец од бременоста дополнителен стрес ѝ беше земјотресот во Загреб.

„Фала богу живи сме, сè ова ќе помине“, изјави Јелена тогаш за Репортер.мк

 

Scroll to Top