(Фото) Јелена од „Фчерашни“ ќе стане мајка, водителката објави прва слика од бременоста

Водителката Јелена Богојевиќ, која беше дел од „Фчерашни новости“, ќе стане мајка. Таа објави слика на Инстаграм и откри дека е бремена со првото дете. Иако е секојдневно на телевизија, како водителка на емисијата „Магазин“, малкумина знаеја дека таа и нејзиниот свршеник Срѓан чекаат бебе.

Јелена и Срѓан се свршија во август во Крушево. Водителката тогаш го покажа вереничкиот прстен и кажа дека Срѓан ја побарал за сопруга со стихови од песна на легендарниот Оливер Драгојевиќ.

Богојевиќ првпат се појави на малите екрани со улогата на Матеа во детската серија „Наше маало“. Потоа настапуваше на „Златно славејче“ и глумеше во филмот „Бубачки“. Своевремено беше и презентерка на Метео 5, а моментално го води „Магазин“ на Сител телевизија.

(Фото) Во Крушево се сврши Јелена од „Фчерашни“: Елегантен прстен за водителката од идниот сопруг

Scroll to Top