Пејачот Јоце Панов се пофали дека си купил нова кола во Дујсбург, Германија. Тој објави неколку слики од неговото „бе-ем-ве 730 индивидуал“ и напиша „моето ново бебе“. Познавачите на автомобили велат дека ознаката „индивидуал“ на колата значи дека таа се персонализира по барање на купувачот, од бојата, преку внатрешноста, дури и табличките може да се лични. На сликите што ги објави Јоце, се додадени иницијалите „Ј.П“ и микрофон.
Пријателите му ја бендисаа колата, па на Јоце, му порачаа што побрзо да ги пополни и задните седишта со дечиња. Панов пред неколку месеци беше актуелен во јавноста токму по свадбата со својата долгогодишна девојка Марина Начевска.