(Фото) Јован Јованов се подмладува со филери

Пејачот и композитор Јован Јованов, кој неколку години живее во Канада, пред неколку дена се врати во Скопје. Само што дојде, реши да се подмлади, па стави филери на челото во една дерматолошка ординација. Видеото од третманот го сподели на „Инстаграм“.

Неколку дена претходно, Јован беше гостин на свадбата на неговиот пријател, менаџерот Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“.

За потсетување, Јован е автор на некои од најголемите хитови од крајот на 1990те и почетокот на 2000те години. Тој едно време пееше во групата „Магија“, а со нивната прва песна, исто така наречена „Магија“, победија на „Макфест“ 1998 година. Пред пет години Јован се пресели во Канада со сопругата Николина и ќерката. Таму има свое музичко студио и прави песни за американски и канадски музичари.

Scroll to Top