(Фото) Како филмска ѕвезда е, ќе крши срца: Росана објави слика од внукот

Иако пејачката Росана Сариќ -Тодоровска често објавува слики од внукот Ноах, секоја негова фотка предизвикува позитивни реакции кај нејзините пријатели. Така беше и овојпат. „Како филмска ѕвезда е“, „Има срца да крши“, „Бонбона на баба, нема поголема среќа од вкуците“, ѝ напишаа пријателите и коментираа дека Ноах многу пораснал.

Ноах, кој наскоро ќе наполни три години е прв внук на Росана и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски-Трупче. Тој е син на нивната ќерка Ивана, која во 2017 година се омажи со нејзиниот долгогодишен дечко Џејмс.

Scroll to Top