(Фото) Каролина и Михаил во најлуксузниот хотел во Холивуд

Откако се забавуваа во Њујорк и во Тулум, поп-ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин вчера дојдоа во Лос Анџелес. Со нивните кумашини, радио-водителката Ана Шутиноска и нејзиниот маж Гордан, тие се дружеа во „Шато Мармон“, најлуксузниот хотел во Холивуд. Овој хотел е омиленото место за дружење на холивудските ѕвезди. Тука се одржуваат и најголемиот број холивудски забави, а меѓу нив и журките пред и по доделувањето на Оскарите.

За потсетување, Каролина и Михаил се во Америка пред три недели. Тие прво беа во Њујорк каде што Михаил имаше успешна самостојна изложба на Менхетен и каде што се дружеа со нивните пријатели, а таму Каролина го прослави и роденденот. Оттаму заминаа во Тулум, а пејачката на сликите што ги објави на социјалните мрежи откри дека ова е едно од нејзините омилени места.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top