(Фото) Каролина како турист низ Охрид

Во црвен фустан со вез и патики, поп-пејачката Каролина Гочева се прошета низ Охрид. Таа се сликаше покрај езерото и во старата чаршија, па сликите ги објави на „Инстаграм“.

„Охрид е рај“, напиша покрај фотографиите.

Нејзините следбеници не штедеа комплименти. „Охрид е рај, ама ти си бисер“, „Рајот отишол во Охрид“, „Убава како секогаш“, „Добра нога држиш Каролинче“, коментираа тие.

Каролина последните неколку дена е во Охрид. Таа и нејзиниот сопруг, Михаил Корубин, вчера присуствуваа на концертот на Цукеро што го организираше „Авалон“. На 11 август пејачката и самата ќе одржи концерт во Охрид, а ден претходно, на 10 август, ќе пее во Хераклеа во Битола.

Scroll to Top