Поп-пејачката Каролина Гочева веќе неколку дена е на семеен одмор на островот Родос во Грција. Таа е таму со нејзината сестра Сандра и внуките Луција и Инес. Пејачката не крие дека одлично се забавуваат, па на „Инстаграм“ сподели неколку слики и видеа од внуките, а меѓу нив и слики на кои девојчињата јаваат магариња во градот Линдос.
Инес (3) и Луција (7) се ќерки на нејзината сестра Сандра и на зетот Иван. Тие живеат во Битола, а Каролина ја користи секоја слободна можност да ги посети.
Инаку, Каролина пред одморот во Грција беше на едномесечно патување во Америка со сопругот Михаил Корубин и нивни пријатели. Тие прво беа во Њујорк, каде што Михаил имаше изложба, па во Лос Анџелес, а неколку дена беа и на летување во Мексико.
Фото: Инстаграм