(Фото) Каролина шик на Менхетен

Со шарен џемпер во стилот на Кери Бредшо, „Гучи“ чанта и црвени очила за сонце, поп-пејачката Каролина Гочева се прошета на Менхетен. Таа веќе неколку дена е во Њујорк, каде што нејзиниот маж, сликарот Михаил Корубин, има изложба.

Пејачката деновиве објавува слики и видеа од патувањето, а со следбениците на „Инстаграм“ ја сподели и омилената слика од Михаил, што ќе биде изложена во галеријата „Ем-си“. „Јас и мојата омилена слака Анима. Добро утро од Њујорк“, напиша таа. Пријателите на пејачката го пофалија Михаил и не штедеа комплименти за сликата.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top