Поп-ѕвездата Каролина Гочева годинава што изминува ја помина како и повеќе музичари, без настапи, без нови песни, всушност онака како налага ситуацијата поради короната. Сепак, ова беше добра можност да се прошета малку повеќе низ туристичките места во Македонија. Овој пат таа заедно со мајка си се одмора на Преспанското Езеро. Со нив е и Зорица Каранфилова, другарка на Каролина од детството. И оваа фотографија наиде на позитивни коментари од фановите на Каролина.